Дома Останати Тенис Хрватска на чекор до трофејот во Дејвис купот

Хрватска на чекор до трофејот во Дејвис купот

Тениската репрезентација на Хрватска поведе во Лил против Франција со 2:0 во финалето за трофејот на Дејвис купот.

Вториот денешен поен на хрватската селекција го донесе Марин Чилиќ кој беше подобар од Жоа Вилфред Цонга со 6:3, 7:5, 6:4.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Првата победа за Хрватска претходно ја донесе Борна Чориќ откако во три сета го нокаутираше Жереми Шарди со 6:2, 7:5, 6:4.

За освојување на титулата на Хрватска и е потребен уште само еден бод.

Првата меч топка Хрватска ќе ја има во сабота кога во двојки ќе се сретнат Иван Додиг и Мате Павиќ со Пјер Ербер и Никол Мау.

Ако Франција го добие овој натпревар одлуката за победникот ќе падне во недела кога на програмата се уште два сингл натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Иванишевиќ за соработката со Циципас: Не сум јас Хари Потер

Горан Иванишевиќ, хрватскиот тренер и поранешен тенисер, започна соработка со Стефанос Циц…