Дома Фудбал Англија Арсенал спреми 50 милиони, но во трката за Турчинот влегува и Челси

Арсенал спреми 50 милиони, но во трката за Турчинот влегува и Челси

Овие денови на големо се шпекулира за интересот на Емери за крилниот играч на Рома, Џенгиз Ундер.

Турчинот по пристигнувањето во Рома имаше слаб старт, но експлодираше во вториот дел на сезоната со што го сврте вниманието на бројни клубови.
Топџиите наводно спремиле понуда од 50 милиони евра за неговите услуги, но сега во трката се вклучува и Челси.
Маурисио Сари е исто така заинтересиран за услугите на Ундер, но нивната понуда гласи 35 милиони евра плус некој играч од своите редови. Волчицата може да бира помеѓу Кристенсен и Калум Хадсон-Одои.
Примамлива понуда, но ќе видиме дали од Олимпико се заинтересирани за некој од споменатите играчи на Челси, доколку не покажат интерес, јасно е дека ќе се определат за финансиски подобрата понуда од Арсенал.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Чудото од дете“ на Порто покажа зошто вреди 40 милиони евра: Постигна гол во стилот на Меси! (Видео)

Родриго Мора неодамна наполни 18 години, но според Transfermarkt веќе вреди 40 милиони евр…