„Специјалниот“ не би бил специјален ако не пласираше и реализираше идеја која веќе долго време ја имаше на ум.
Сакате ли да се лансирате меѓу ѕвездите?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тогаш најдобро е да повикате астронаут, за да ве научи како да ги достигнете, тоа е начинот на размислување на Жозе Мурињо.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, ангажираше еден астронаут од НАСА за момците на академијата да научат колку е важна тимската работа и како да се достигнат споменатите ѕвезди.
Стиви Свонсон мина 195 дена во вселената, зборуваше што значи да се потрпете на другиот, и колку тоа е важно за тимот.
„Стиви зборуваше за своето искуство и за тоа колку е важно сите да работат заедно. Играчите се заинтересираа за тоа што тој го зборуваше. Се надеваме дека ова ќе им ја засили желбата за тимска работа“, истакна извор од Манчестер Јунајтед.