Дома Фудбал Голем икс врз името на Нејмар: Перез го отпиша, а за тоа има повеќе од добри причини!

Голем икс врз името на Нејмар: Перез го отпиша, а за тоа има повеќе од добри причини!

Реал Мадрид нема да влезе во трката за Нејмар.

Имено, како што пишуваат медиумите во Шпанија, дури ниту ако се пружи шанса, Реал не би лицитирал, ниту би застанал на патот на Барселона, иако Нејмар Сениор има некој вид договор со Перез за летото 2019. година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првенствено, Флорентино Перез смета дека би било болно за Барселона Нејмар да заигра за Реал, навивачите не би го прифатиле. На крајот, тој пред неколку години преговараше со Реал и поради парите ја избра Барселона.

Втората причина е поважна.

Имено, Реал има политика да доведува играчи кои имаат добар имиџ во јавноста. Нивните фудбалери ретко се на мета на „папараците“, во суштина се трудат да се претстават како народен клуб, некои работи, екстраваганција во животниот стил се забранети, Роналдо никогаш не се издвојуваше со ноќниот живот, токму како и останатите големи ѕвезди кои се донесени.

И на крајот, начинот на кој Нејмар ја напушти Барселона не му се допадна на Перез. Тој едноставно ги гледаше само парите и во Реал веруваат дека за неколку години би можеле да дојдат во иста ситуација, ако некои од клубовите од Премиер лигата понуди повеќе за Бразилецот. Тој е ненаситен на трошење пари и услови кои, веруваат од Реал дека би наишле на отпор во соблекувалната каде доминира Рамос.

Покрај тоа, Нејмар не сака да тренира, ја доведува во прашање одлуката на тренерот, па секако е многу поисвесно дека, ако плати светски рекорд, Перез тоа би го направи најпрво за Еден Азар, а не за Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…