Сенегалскиот напаѓач од редовите на Ливерпул, Садио Мане вчеравечер го продолжи договорот со Ливерпл.
Мане долго преговараше со челниците на Ливерпул околу продолжување на соработката, работата вечерва беше официјализирана на задоволство на двете страни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу сум среќен што и понатаму ќе останам член на Ливерпул. Ова е голем ден за мене и се радувам на се што доаѓа. Секогаш го кажував тоа, а сега ќе го повторам – не размислував два пати кога Ливерпул ме побара. Веднаш се согласив и го направив најдобриот потег во мојот живот“, изјави Мане.
Од доаѓањето во Ливерпул во 2016 година, Мане израсна во еден од најдобрите играчи на овј клуб без кој првата постава на „црвените“ едноставно е незамислива.
Треба да се истакне дека Ливерпул не откри до кога точно го продолжи договорот со Мане, но се претпоставува дека станува збор до 2023 година.
??
? Sadio Mane agrees new long-term #LFC contract…
— Liverpool FC (@LFC) November 22, 2018