Дома Фудбал Останато Дрогба: Мурињо без проблем би освојувал титули со Манчестер Сити

Дрогба: Мурињо без проблем би освојувал титули со Манчестер Сити

Дидие Дрогба смета дека Жозе Мурињо со Манчестер Сити без проблеми би ја освоија Премиер лигата и тоа два-три пати.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Жозе Мурињо е под константен притисок оваа сезона во која неговиот Манчестер е на осмата позиција на табелата со 12 освоени бодови, но Дрогба верува во способностите на својот поранешен тренер и смета дека неговата тактика добро би функционирала во синиот дел на Манчестер.

„Кога би преминал во Сити, без проблеми би им донел две или три титули. Сите го критикуваат бидејќи навикна дека само да победува и победува. Морате да погледнете како им беше на менаџерите на Јунајтед во последните години. Не е лесно да се води Јунајтед после Алекс Фергусон. Ниту финансиите кои тренерите ги имаат на располагање не се исти како тогаш“.

„Мислам дека прифати голем преидзвик. Како да уживаш кога некој констатно те критикува. Тој сепак е само човек. Се обидува да ги промени работите, да го промени пристапот. Кога не оди, мораш да менуваш. Тоа го прават најдобрите менаџери“, изјави Дрогба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барди промаши пенал: Коњаспор загуби од Трабзонспор во Купот (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди не реализираше пенал во финалето на Купот на Турци…