Oткако се повреди Дани Велбек тренерот на Арсенал, Унаи Емери веќе тргнал во потрага по негова замена.
Во овој момент неколку имиња се во игра, а англиските обложувалници веќе ги одредија коефициентите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Засега за најголем фаворит важи крилниот напаѓач на Лил, Николас Пепе со коефициент 2.25. Утрово се појави вест дека клубот од Лондон е спремен да плати 27 милиони фунти за неговите услуги. Сепак, за овој фудбалер интерес покажа уште Тотенхем.
Зад Пепе следуваат Кристијан Павон од Бока Јуниорс за кого коефициентот изнесува 3.25 и Вилфред Заха од Кристал Палас.
Арсенал веќе на големо работи на тоа да одлучи кој од овие играчи е најдобро и најисплатливо решение, а што ќе одлучат ќе видиме во текот на јануарскиот преоден рок.