Истражувањето спроведено ширум светот покажа дека повеќе од половина навивачи присуствувале на расистички инцидент на фудбалските натпревари.
Сепак, само половина од тврдат дека знаат како да пријават таков инцидент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Глобално гледано 60% од навивачите ја поддржуваат идеја да се одзимаат бодови на клубоите или репрезентациите поради расистичките навреди на нивните навивачи.
Истражувањето кое го спроведе телото „Kick It Out“ со помош на платформата „Forza Football“, направено во 38 земји во светот помеѓу 27.000 фудбалски навивачи.
Ова се некои од резултатите од истражувањето.
54% од навивачите ширум светот присустувале на расистички инциденти.
74% навивачи сакаат ФИФА да ги разгледа таквите инциденти пред на некоја земја да и доделат организација на некое натпреварување.
84% навивачи немаат ништо против играч од друга етничка или расна припадност да игра за нивниот клуб или репрезентација.
Најмногу такви навивачи има во Норвешка (95%), Шведска (94%) и Бразил (93%).