Дома Фудбал ФОТО: Вториот дрес на Јувентус за следната сезона изгледа како на – полската репрезентација!

ФОТО: Вториот дрес на Јувентус за следната сезона изгледа како на – полската репрезентација!

Ако веруваме на еден портал специјализиран за „дизајнирање“ на дресови во следната сезона ќе Јувентус ќе направи радикални промени.

Изгледот на првата гарнитура беше познат и се појави пред неколку дена, но сега ни пристигнуваат фотографии и од изгледот на вториот и третиот дрес на Јувентус.

Веќе навикнавме третата гарнитура на Јувентус, да биде во сосема друга боја, овој пат таа е сина.

Веројатно најмногу изненадува втората гарнитура во која Јувентус има црвен шорц, додека горниот дрес е во бела боја со исто така црвени нијанси.

Навистина интересен изглед кој најмногу потсетува на дресовите на полската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…