Дома Фудбал Италија Стигна потврдата: Милан и Гатузо во големи проблеми

Стигна потврдата: Милан и Гатузо во големи проблеми

Како да нема крај на проблемите за „росонерите“.

Вчера италијанските медиуми пренесоа дека Алесио Ромањоли заработил повреда на тренингот на репрезентацијата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тој го напуштил репрезентативниот камп и бил заменет од Ачерби, а сега е објавено колку долго стоперот ќе биде надвор од теренот.

Имено, Ромањоли го чека пауза од еден месец, што Милан го става во многу незгодна положба.

Освен него надвор од тимот се Мусакио и Калдара, па Гатузо од централните дефанзивци на располагање ги има само искусниот Запата и младиот Симиќ.

Веќе во наредното коло ги очекува важен натпревар против Лацио, потоа играат против Дунделаж во ЛЕ, па Парма и Торино во Серија А, додека на 13 декември ќе ги одмерат силите со Олимпијакос во Лигата на Европа.

После овие натпревари Ромањоли би требало да се врати на теренот, а до тогаш на позицијата стопер Гатузо би можел да користи некој од Рикардо Родригез или Франк Кеси.

Сепак, со оглед на тоа дека во средниот ред повредени се Биља и Бонавентура тешко дека Гатузо ќе го прекомандува Кеси во последната линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед започна со подготовки со две нови засилувања

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се појавија на клупската база за да започнат со летни по…