Македонија вчера го победи Лихтенштајн со 0:2 и така стигнавме на чекор од пласман во плејофот од Лигата на Нации.
На нашите фудбалери им недостасува само бод во последното коло за обезбедување на првата позиција. Во последното коло во Скопје гостува Гибралтар, а за овој натпревар селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета Горан Пандев.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пандев натпреварот против Гибралтарците ќе го пропушти поради жолти картони, а Несторовски најави победа во чест на капитенот.
„Блиску сме до првата позиција. На ред е натпреварот против Гибралтар. Против Лихтенштајн беше тешко се додека не постигнавме гол. Заслуживме да победиме и знаеме дека со победа во следниот натпревар ќе бидеме први на табелата. Пандев нема да игра, без него секогаш е потешко, но ќе победиме токму за него“, изјави Несторовски.