Дома Фудбал Останато Се за Златан: Стигна понуда каква до сега не беше видена!

Се за Златан: Стигна понуда каква до сега не беше видена!

Изминатите денови во Ростов пристигна понуда каква веројатно никогаш до сега не беше видена, а се однесува на Златан Ибрахимовиќ.

Имено, Манчестер Јунајтед ќе му гостува на Ростов следната недела во Лига Европа, а на адреса на рускиот клуб пристигнала понуда од 179.000 руски рубљи (околу 3.000 евра) од непознат човек за неговиот син да излезе на терен заедно со Ибрахимовиќ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Вчера ни се јави анонимец и ни понуди 179.000 рубљи за неговиот син да излезе на терен со Ибрахимовиќ. Неверојатно на што се се спремни денес луѓето“, известија од клубот.

Не е познато дали челните луѓе на Ростов ја прифатиле понудата, но судејќи по нивната реакција, најверојатно не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Одржана седница на Управниот одбор во ФФМ – донесени важни одлуки!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на Управниот одбор, на која беа…