Најдобриот тенисер во светот истакна дека храбар потег е кога тенисерките и тенисерите се изјаснуваат дека ги привлекува исти пол.
Новак Ѓоковиќ на конференцијата во Лондон доби прашање што мисли за тенисерките и тенисерите кои ги привлекуваат ист пол и кои тоа јавно го искажале.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Немам ништо против тоа. Секој си има свое право за сексуална ориентација и правец на животот. Го почитувам тоа“, порача Ѓоковиќ.
Новинарите го потсетија дека во светот на спортот помеѓу првите за својата секусална ориентација проговориле Били Џин Кинг, Мартина Навратилова, Амели Морезмо…
„Не ги гледам луѓето поинаку. За мене тоа е многу храбар потег затоа што живееме во свет кој се уште тоа го нема прифатено на најдобар начин“, смета Новак.
“I actually see that as a really courageous move.” —Novak Djokovic shares his thoughts on if a #LGBTQ player were to come out on the #ATPTour ?️?
? via @Tanis95 pic.twitter.com/Z61pvXJPXP
— Nick McCarvel (@NickMcCarvel) November 15, 2018