Дома Трансфер зона Пристигна во Рома како големо засилување – заминува после само 6 месеци!

Пристигна во Рома како големо засилување – заминува после само 6 месеци!

Хавиер Пасторе ова лето пристигна во Рома од ПСЖ како едно од најголемите засилувања во Серија А.

Италијанскиот клуб го купи Пасторе за 20 милиони евра, а на „Олимпико“ требаше да биде замена за Раџа Наинголан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Аргентинецот не ги оправда очекувањата. Прво поради големиот број на повреди, второ бидејќи не може да се снајде во формацијата на тренерот Ди Франческо.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Пасторе може да си замине уште во јануари, а најсилен интерес за него покажуваат два кинески клуба, Шангај СИПГ и Пекинг Гоан.

Се чини дека 29-годишниот Аргентинец не е повеќе во форма да игра во врвен европски клуб, па и самиот размислува да се пресели во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…