Дома Трансфер зона Арсенал и Тотенхем „се тепаат“ за играчот на Манчестер Јунајтед

Арсенал и Тотенхем „се тепаат“ за играчот на Манчестер Јунајтед

Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал и Тотенхем во своите редови сакаат да го донесат фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска беше едно од првите засилувања на Мурињо на „Олд Трафорд“, во почетокот добро се покажа, но следуваа повреди, а оваа сезона стоперот не е оној кој беше до минатата сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Поради тоа би можел и да го напушти дресот на Манчестер Јунајтед, Мурињо ќе се обиде да ги продаде сите оние кои не се покажале доволно, за да собере пари за квалитетни засилувања. Така интерес за неговите услуги покажаа „Топчиите“ и „Петлите“, кој за Баи го контактирале Јунајтед и пред почетокот на сезоната, но 24-годишниот дефанзивец тогаш не беше на продажба.

Баи летото 2016. година беше платен 35 милиони евра, Мурињо би сакал да го задржи, но очигледно е подготвен да го жртвува за да доби докажана и квалитетна опција во последната линија. Ќе видиме колку Арсенал и Тотенхем се подготвени да понудат, на Арсенал очајнички му се потребни засилувања во последната линија, додека Тотенхем би можел да остане без Алдервилд уште следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…