Aргентинците отидоа чекор подалеку.
Од моментот кога беше јасно дека Бока Јуниорс и Ривер Плата за прв пат во историјата ќе играат меѓусебно во финалето на Копа Либертадорес во Аргентина тоа беше главна тема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колкава еуфорија владееше во оваа земја најдобро зборува потегот на радио станицата „Колонија“. Поради огромното значење на овој натпревар и возбудувањата кое ги носи со себе споменатата радио станица одлучи да направи посебен пренос за луѓето со слабо срце. На почетокот изгледаше како шега, но на крајот тоа стварно се случи.
Радио станицата емитуваше пренос со двајца коментатори кои со смирен глас и без возбудувања ги пренесуваа случувањата на теренот. Покрај тоа имаше и дежурен кардиолог кој ги советуваше слушателите што да прават, додека во позадина одеше релаксирана музика. Слушнете како звучеше…