Тоа што се најавуваше во изминатите денови, сега доби и официјална потврда. Бившиот спортски директор на Јувентус се сели во редовите на Интер.
Денес Марота и самиот призна дека е блиску до директорското столче на миланскиот гигант, а медиумите откриваат дека веќе работи на два големи трансфери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата цел е Антони Марсијал од Манчестер Јунајтед. Французинот игра одлично оваа сезона но се уште нема ставено потпис на нов договор со клубот од „Олд Трафорд“, па Марота сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе на „Џузепе Меаца“.
Другата мета е Лука Модриќ кого Интер го сакаше уште во летниот преоден рок. Хрватот остана во Мадрид, но не доби нов договор и игра под своето ниво оваа сезона, па најверојатно ја игра последната сезона во „кралскиот“ дрес.
Реал на лето сака да го реновира тимот и е спремен да го пушти Модриќ, а Марота работи на договор со агентите на фудбалерот.