Дома Фудбал Лига на шампиони Шакири конечно се огласи: Подобро што не отидов во Белград!

Шакири конечно се огласи: Подобро што не отидов во Белград!

Швајцарскиот фудбалер Џердан Шакири конечно се одлучи да проговори кога е во прашање натпреварот против Црвена Звезда во Белград.

Да потсетиме, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп одлучи да не го носи Шакири во Белград, а како причина ја наведе дека тој и неговата екипа сакаат само да мислат на фудбал, а не на политика.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Германскиот стручњак во таа прилика рече дека Шакири добро ја примил неговата одлука, а сега се огласи и самиот фудбалер кој зборуваше за Скај Спорт.

„Во Белград е жешка атмосферата. Беше попаметно да останам во Англија и сите да се сконцентрираат само на фудбал.“ – изјави Шакири.

Да потсетиме, Ливерпул го загуби овој натпревар со резултат 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Преодниот рок заврши, но Арсенал подготвува емотивно враќање на фудбалер кој беше соиграч со Артета!

Последниот ден од трансфер периодот донесе шпекулации околу можноста Сандро Тонали да го з…