Дома Останати Тенис Ѓоковиќ за присуството на Роналдо: Веројатно е среќен затоа што ги носев боите на неговиот клуб

Ѓоковиќ за присуството на Роналдо: Веројатно е среќен затоа што ги носев боите на неговиот клуб

Вчерашниот меч помеѓу Новак Ѓоковиќ и Џон Иснер беше посебно интересен што на трибините се појави Кристиано Роналдо.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победа го започна завршниот Мастерс во Лондон бидејќи вчера славеше со Американецот Џон Иснер со 6:4, 6:3.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ до деветата победа против Иснер во 11-тиот меѓусебен дуел стигна после само еден час и 14 минути игра.

Новак после мечот го прокоментира присуството на фудбалерот на Јувентус.

„Вечерва на себе ги имав боите за клубот за кој навива, сигурен сум дека е среќен поради тоа. Одлично е да се има голема фудбалска ѕвезда како него на тениските мечеви. Во Мадрид често доаѓаше присуствуваше“, изјави Ѓоковиќ кој е деклариран навивач на Милан.

Ѓоковиќ завршниот Мастерс го продолжува во среда, а Кристиано Роналдо користи мал одмор поради репрезентативната пауза, после што ќе се врати на обврските кон клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тони Надал: Алкараз имаше среќа на Австралијан опен!

Тони Надал, вујко и поранешен тренер на Рафаел Надал, изјави дека Карлос Алкараз имаше сре…