Дома Фудбал Англија ФА го казнува Гвардиола поради сосема нормална изјава?

ФА го казнува Гвардиола поради сосема нормална изјава?

guardiola

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола би можел да биде казнет поради „спорната“ изјава пред натпреварот против Манчестер Јунајтед кој беше одигран вчера.

„Граѓаните“ во градското дерби славеа со 3:1, а Гвардиола неочекувано се најде во центарот на вниманието поради една изјава која ја даде пред почетокот на натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гвардиола во таа изјава го спомена судијата Ентони Тејлор, но не во негативен контек и неговите зборови навистина изгледаат нормално. Сепак, тој го прекрши правилото на ФА кое гласи дека менаџерите не смеат да ги споменуваат судиите пред натпреварот.

„Сигурен сум дека Тејлор ќе се обиде да одработи добра работа, како што се трудиме и ние и играчите. Господинот Тејлор ќе направи се за натпреварот да биде добар и се надевам ќе носи праведни одлуки. Цела Англија и цела Европа ќе не гледа“, изјави Гвардиола пред натпреварот.

Иначе, Гвардиола не би бил првиот менаџер во Англија кој се соочува со ваква казна бидејќи неговиот колега Мурињо беше казнет поради слични коментари и тоа на сметка токму на Тејлор пред натпреварот против Ливерпул во 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо продолжи да испишува историја

Кристиано Роналдо беше двоен стрелец во гостинската победа на неговиот тим од 3-1 над Ал-Г…