Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо го прокоментира вчерашниот настап на Гонзало Игуаин против неговиот поранешен клуб Јувентус кој за Аргентинецот нема да остане во добро сеќавање.
Освен што кон крајот на првото полувреме Игуаин промаши пенал, доби црвен картон во 83-тата минута поради што „пукна“ веројатно како никогаш во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гатузо после натпреварот имаше што да каже и за таа ситуација.
„Дали Игуаин требаше да го изведе пеналот? Мислам дека да, чуствуваше дека може да погоди, но промаши. Се случува, не е лесно кога шутирате пенал против својот довчерашен клуб. Беше под огромен притисок, можам да го разберам“.
„Но, Игуаин мора да се промени. Мора да научи подобро да се контролира, бидејќи му беше потребно на крајот од натпреварот. Доби црвен картон, но се надевам дека ќе се извини на судијата“, изјави Гатузо, а потоа призна дека поразот од Јувентус бил очекуван.
Higuain's day goes from horrible to abysmal. #Juve #Juventus #ForzaJuve #MilanJuve #Milan #Higuain pic.twitter.com/TquuvSTVi1
— JuveGIFs (@JuveGIFs) November 11, 2018
„Јувентус не е најдобар тим само во Италија, туку веројатно и во Европа. Тие се во рангот на Барселона и Манчестер Сити им честитам на победата. Жал ми е што не искористивме некои шанси на почетокот на второто полувреме“, заврши стратегот на Милан.