Дома Фудбал Роналдо за Игуаин: Му кажав да не претерува

Роналдо за Игуаин: Му кажав да не претерува

Кристиано Роналдо вчера стигна до осмиот погодок во Серија А оваа сезона и тоа во дербито против Милан во кое Јувентус на „Сан Сиро“ славеше со 0:2.

Со оваа победа Јувентус им се врати на победите после поразот од Манчестер Јунајтед на домашен терен кон средината на минатата недела.

„Многу сум среќен поради погодокот и победата, посебно поради тимот. Одигравме добар натпревар против Милан, а тоа е не е лесно кога играте на гостински терен. Ја вративме предноста од шест бода во однос на Наполи и навистина сум задоволен“, изјави Роналдо.

Португалецот беше и еден од фудбалерите кој кон крајот на натпреварот се обидуваше да го смири кога ги изгуби нервите.

„Му кажав на Игуаин да не претерува бидејќи ризикува поголема санкција. Беше нервозен, ја изгуби контролата, но не треба да го обвинуваме. Нас не ни кажа ништо“, порача Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…