После четири натпревари, Џампиеро Вентура го напушти кормилото на Киево!
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Киево имаше негативен број на бодови, а Вентура успеа да го врати на нула, сепак тој беше разочаран од направеното и денес си поднесе оставка.
Вентура на клупата на Киево го замени Лоренсо Дану, но не успеа да забележи ниту една победа во четири натпревари. Запиша едно реми и три три порази со што успеа да го извлече
Киево од минусот, со оглед дека имаа -1 кога ги превзема популарните „летечки магариња“.
Ќе потсетиме Киево сезоната ја започна со три бода минус поради казната од страна на ФС Италија. Успеаа да го надополнат тоа заостанување, но опстанокот во Серија А за овој клуб ќе биде тешка задача.
Ќе потсетиме, Вентура пред Киево беше селектор на Италија кога оваа репрезентација го изгуби баражот против Шведска и не се пласираше на Мундијалот во Русија.