Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Вардар поразен во Чаир, Шкендија го победи Работнички и сега е на +3

ПМФЛ: Вардар поразен во Чаир, Шкендија го победи Работнички и сега е на +3

Денес со почеток од 13:00 часот беше одиграно 14-тото коло во македонското фудбалско првенство од кое најмногу профитираше лидерот Шкендија.

Изненадување во денешните натпревари приреди Шкупи кој во Чаир го победи Вардар со 1:0.

Единствениот гол на оваа средба го видовме после десетина минути игра во второто полувреме, а беше дело на Сержињо.

Шкендија знаеше како да го искористи киксот на Вардар, па на гостински терен славеше победа против Работнички со 1:2.

Емини ја доведе Шкендија во водство 20-тата минута, Пеев осум минути подоцна го изедначи резултатот, па на полувреме се замина со 1:1.

На стартот од вториот дел гостите од Тетово го постигнаа голот кој им донесе победа и тоа преку Мици.

Во останатите натпревари Силекс ја совлада Академија Пандев на свој терен со 1:1, Ренова славеше против Победа со 2:1, додека Македонија Ѓорче Петров на гости кај Беласица беше убедлива со 1:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…