Дома Фудбал Италија Милан потврди: Мусакио ќе паузира два месеци!

Милан потврди: Мусакио ќе паузира два месеци!

Ситуацијата со повредени фудбалери во Милан е алармантна, а сега пристигна вест и дека повредата на Мусакио е потешка од очекуваното.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мусакио се повреди на синоќешниот меч со Бетис, а денешните детални прегледи покажаа дека има повреда на лигаментите на коленото.

Тоа значи дека Аргентинецот ќе биде надвор од терените во наредните два месеци и ќе пропушти поголем дел од натпреварите.

Моментално Гатузо не може да смета на дури десет фудбалери, а прогнозите се дека само Гонзало Игуаин ќе се опорави за дербито против Јувентус.

Повредата на Мусакио е голем удар, бидејќи Милан веќе остана без Калдара во одбраната кој ќе мора да паузира околу 4 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Требаше да го замени Мурињо, но сега има понуда која не може да ја одбие

Големи промени ова лето не ги очекуваат само играчите, туку и тренерите, а едно име послед…