Новите сопственици на Интер имаат за цел да состават многу добар тим за следната сезона, со кој ќе можат да бида сериозен кандидат за титулата во Италија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми информираат дека новиот сопственик на „нероаѕурите“ имал средба со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез и започнал преговори за две ѕвезди од „Сантиаго Бернабеу“.
Станува збор за Хамес Родригез и Иско, фудбалери кои не се задоволни со минутажата во Реал и се спремни да ја променат средината следното лето.
„Ил Џорнале“ тврди дека Интер ќе вложи 200 милиони евра во засилувања следното лето и дека покрај споменатите двајца веќе ги договорил трансферите на Доменико Берарди од Сасуоли и Костас Манолас од Рома.
Притоа „нероаѕурите“ селдат и неколку други фудбалери како што се Дармијан од Манчестер Јунајтед, Врсаљко од Атлетико Мадрид, дефанзивецот Филипе од Порто и Рикардо Родригез од Волфсбург.