Српската обложувалница „Меридијан“ направи неверојатен потег со кој ги израдува своите обложувачи така што ја исправи „неправдата“ и призна пенал за ЦрвенаЗвезда на мечот против Ливерпул.
Црвена Звезда синоќа направи неверојатен успех и го победи англискиот гигант со 2:0, но судиите повторно беа во центарот на вниманието бидејќи не дусидија чист пенал за домаќините.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марко Марин шутираше, а Милнер со рака ја изблокира топката во казнетиот простор, но шпанскиот судија Лахоз не покажа на белата точка. Сепак, обложувалницата „Меридијан“ го призна овој пенал.
Не само што ги исплатија сите тикети со облог дека ќе има пенал за Звезда, туку се признати и облозите дека „црвено-белите“ ќе дадат гол од пенал, како и коефициентот 24.00 дека Звезда ќе даде три гола на мечот.
Ова не е прв пат „Меридијан“ да прави вакво нешто, бидејќи оваа обложувалница и на Мундијалот на мечот Србија – Швајцарија ги исплати облозите дека ќе има пенал на мечот, иако не беше досуден, а имаше индиции.
Исто така оваа обложувалница ги призна сите облози за злато на атлетичаката Ивана Шпановиќ на СП во Лондон, кога и беше одземен медалот поради трагот кој го остави бројот кој го носеше на грбот.