Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел: Наполи доби пенал после офсајд

Тухел: Наполи доби пенал после офсајд

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел не беше задоволен од ремито со Наполи (1:1) на Сан Паоло.

ПСЖ после првото полувреме водеше со 1:0,  а потоа во другиот дел ја препушти иницијативата на Наполи кој до бод стигна со голот на Инсиње од пенал во 63. минута.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На најстрогата казна за Наполи и претходеше голема грешка на Тиаго Силва, а според Тухел имало и офсајд позиција.

„Наполи доби пенал после чиста офсајд позиција, но што да правиме. Мора да го прифатиме резултатот и да продолжиме да се бориме за пласман понатаму. Овој натпревар можеше да заврши и различно. Нашата група е тешка и изедначена, но и натаму ја држиме ситуацијата во свои раце.“ – изјави Тухел.

ПСЖ до крајот на групната фаза ќе гостува кај Црвена Звезда и ќе го пречека Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Интер договори засилување од Франција

Интер постигнал договор со Ленс за доведување на играчот од средниот ред Анди Диуф за 20+5…