Ѕвездата на Атлетико Мадрид и француската репрезентација, Антоан Гризман изјави дека еден ден би можел да игра во Бундеслигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговиот Атлетико минатото коло во ЛШ загуби од лидерот во Бундеслигата, Борусија Дортмунд со високи 4:0.
„Во Бундеслигата се игра многу напаѓачки. Лигата е привлечна, со многу голови и Дортмунд е типичен претставник. Веројатно еден ден ќе играм во Германија, но во моментов се чувствувам одлично во Атлетико Мадрид. Овој клуб има прекрасен проект во кој јас верувам 100%“, изјави Гризман.
„Јорганџиите“ денес ќе ја пречекаат Борусија Дортмунд и ќе имаат шанса да и се одмаздат за високиот пораз од пред две недели.