Дома Фудбал Ова видео најдобро објаснува зошто поранешниот напаѓач на Барселона е без гол 548 дена

Ова видео најдобро објаснува зошто поранешниот напаѓач на Барселона е без гол 548 дена

Сандро Рамирез падна во заборав после минатата очајна сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот играч на Барселона кој со каталонскиот клуб ја освои и Лигата на шампионите, минатата година потпиша договор со Евертон откако клубот од Ливерпул ја активираше неговата откупна клазула од шест милиони евра.

За Евертон во првенството одигра осум натпревари и не постигна погодок. Една сезона претходно во Малага постигна 14 голови на 30 настапи.
Евертон на полусезоната одлучи да го испрати во Севиља. За овој клуб во Примера настапи на 13 натпревари и не се запиша во листата на стрелци.

Ова лето го доведе Сосиедад на позајмица, но ниту таму не ја подобри реализацијата. Во пет настапи не постигна погодок, а неговата очајна реакција пред голот во последниот натпревар најдобро покажува зошто е без лигашки погодок веќе 548 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не се врати заедно со соиграчите во Португалија, користеше приватен авион

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО, капитенот на португалската репрезентација и носител на рекордите споре…