Сите го сакаат Јужноамериканецот, и поранешниот клуб и двата гиганти, тој ја чека промената на тренерот. Одлуката е блиску…
Нема сомнеж, Хамес Родригез би можел да биде првата ѕвезда на зимскиот трансфер период. Колумбиецот го сакаат Јунајтед и Јувентус, Баерн е наклонет кон Италијанците со кои има одлична соработка и верува дека може да дојде до трампа на своевремено најдобриот стрелец на Мундијалот за Аргентинецот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Во Јувентус имаат предлог „за“ и „против“, Рогригез беше одличен во тандем со Роналдо, плус е поадекватен од Диабала и може да игра во формацијата 4-3-3. Но, сигурно дека проценката на Германците дека Диабала вреди само 100 милиони евра нема да дојде до разбирање кај Италијанците.
Баерн би го откупил Родригез од Реал и тогаш би го продал на Јуве, а слично би направиле и ако пристигне понуда од Јунајтед. Родригез е играч кој би можел да биде додаток во нападот на Јунајтед, а и замена за Санчез со кого сакаат да се ослобоат.
Постои и трета варијанта, Реал да го врати Колумбиецот на зима и да ја исплати позајмицата на Баерн, но изгледа дека Баварците на тоа нема да се согласат, тие веќе практично го откупија Родригез и сега останува да извлечат најмногу од него.
Зошто тој сака да си оди?
Проблемот е Нико Ковач, со него не е на иста должина и конфликтот трае цела есен. Но, ако Хрватот добие отказ на крајот од полусезоната, можеби работите би можеле да се променат…