Дома Фудбал Останато „Франс Фудбал“ лансираше „бомба“: Венгер се договорил со Милан – познато и кога пристигнува?!

„Франс Фудбал“ лансираше „бомба“: Венгер се договорил со Милан – познато и кога пристигнува?!

Арсен Венгер од напуштањето на Арсенал е без ангажман, пред себе има неколку понуди, а според реномираниот француски медиум „Франс Фудбал“ Французинот одлучил!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Венгер неодамна изјави дека од јануари се враќа, но не откри каде.

Споменатиот реномиран медиум сега открива дека Венгер постигнал договор со италијански Милан!

Повикувајќи се на свои, како што се наведува доверливи извори, Французите тврдат дека Венгер имал средба со сопственикот на Милан, Гордон Сингер кој лично наводно го смета Венгер за најдобро решение.

Според најавите, Венгер постигнал договор и од јануари ќе го наследи Џенаро Гатузо на клупата на „росонерите“.

Ќе потсетиме Венгер имаше понуда и од ПСЖ за работа како спортски директор, но изгледа дека искусниот стратег не сака да ја заврши својата тренерска кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голман на Ангола беше играч на мечот и стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Голманот на У17 селекцијата на Ангола, Желсон Дала (16), беше прогласен за најдобар играч …