Дома Фудбал Германија Германија во шок: Геце мора да ја прекине кариерата!

Германија во шок: Геце мора да ја прекине кариерата!

Играчот на Борусија Дортмунд, Марио Геце, поради метаболички проблеми, привремено ја прекина фудбалската кариера, потврдија од клубот.

„Деталните лекарски прегледи поради хроничните проблеми со мускулите, со кои во изминатиот период се соочува Геце, покажаа дека тој има метаболички пореметувања. Тој не е во можност да тренира или да има било какви други фудбалски активности“, се наведува во клупското соопштение.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Геце зад себе има сезона за заборав откако од Баерн се врати во матичниот клуб. Од почетокот на првенството тој на само четири натпревари ги одигра сите 90 минути, а последниот настап го имаше на 31 јануари.

Марио Геце е херојот на Германија од последното Светско првенство, па поради тоа јавноста во оваа земја се надева дека тој нема да ја доживее судбината на Себастијан Дајслер кој поради хроничните проблеми со повредите и депресијата во 26-та година ја заврши кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Данците во големи проблеми пред натпреварот со Македонија, селекторот се пожали!

Данската фудбалска репрезентација се соочува со сериозни кадровски проблеми пред мундијалс…