Дома Топ вести На Мурињо му одобриле буџет: Манчестер Јунајтед спрема 100 милиони фунти за играч на Реал!?

На Мурињо му одобриле буџет: Манчестер Јунајтед спрема 100 милиони фунти за играч на Реал!?

Изгледа дека на Жозе Мурињо му било одобрено засилување од 100 милиони фунти, барем така тврдат медиумите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На Манчестер Јунајтед му е потребно засилување во одбраната и тоа е јасно, во текот на летото Португалецот се обиде со неколку имиња, но не успеа да ја засили последната линија од тимот.

Предупредуваше Мурињо дека одбраната е слаба, а тоа се покажа и на теренот, Манчестер Јунајтед на 11 одиграни натпревари постигна дури 18 погодоци што секако е поразителен факт за стилот на Мурињо кој се базира на одбраната.

Сега наводно од клубот му одобриле огромно засилување. Англиски „The Sun“ пласираше вест која потоа се пренесе и на oстанатите светски медиуми според која Јунајтед ќе понуди 100 милиони фунти за Рафаел Варан од Реал Мадрид.

Варан игра одлично и ќе биде навистина тешка мисија. Го освои Мундијалот со Франција, а Мишел Платини неодамна изјави дека ја заслужува „Златната топка“.

https://www.youtube.com/watch?v=AlaVmq-flwQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…