Ливерпул покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Икер Муниаин, пренесуваат англиските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Договорот на 25-годишниот Баскиец истекува на крајот на сезоната, што го прави играчот уште поинтересен за „црвените“, кои ќе се обидат да го донесат без обештетување.
Според шпанските медиуми Муниаин нема намера да го продолжи договорот со Билбао и сака да ја промени средината, а до моментив има одиграно 357 меча за баскискиот клуб.
Клоп смета дека Муниаин идеално би се вклопил во неговата формација и може да биде одлична алтернатива за Садио Мане.