Дома Фудбал Останато Видео: Големото турско дерби заврши без победик и со тепачка!

Видео: Големото турско дерби заврши без победик и со тепачка!

Многу возбудлив натпревар одиграа Галатасарај и Фенербахче кој заврши без победник (2:2), но имаше и „трето полувреме“ во кое фудбалерите физички се пресметаа.

Нашиот репрезентативец Елиф Елмаз ги одигра сите 90 минути и пред самиот крај пропушти да му донесе победа на својот тим, откако неговиот удар го одбрани Муслера.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Галатасарај имаше водство од 2:0, но потоа за седум минути во второто полувреме Фенер успеа да се врати во натпреварот.

После последниот свиреж на судијата настана вистинска мешаница на теренот. Домашните фудбалери започнаа по терен да го бркаат стрелецот на вториот гол за Фенербахче, Жилсон, а во мешаницата се вклучија и членови на стручните штабови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аларм во ПСЖ: Дембеле повторно со болки!

Усман Дембеле можеби повторно се соочува со повреда на коленската тетива, овојпат за време…