Дома Фудбал Англија Крај на сагата: Стерлинг се согласи да стави потпис!

Крај на сагата: Стерлинг се согласи да стави потпис!

Ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг даде согласнот за потпишување на нов договор со „граѓаните“, пренесуваат англиските медиуми.

Тоа ќе стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина бидејќи неговиот актуелен договор истекува за 18 месеци. Англискиот репрезентативец во неколку наврати го одбиваше договорот, но сега постигнал согласност за нов 5-годишен договор.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според „Скај Спорт“ агентите на Стерлиг ги договориле сите детали со раководството, а играчот ќе стави потпис на нов договор веќе следната недела.

Манчестер Сити го купи Стерлинг во 2015 година од Ливерпул за сума од 50 милиони фунти и од тогаш Англичанецот одигра 151 натпревар за „граѓаните“ на кои постигна 48 гола.

https://youtu.be/qHF7fEd-uIw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…