Дома Фудбал Милан против Џенова изедначи негативен рекорд од 1932 година

Милан против Џенова изедначи негативен рекорд од 1932 година

Оваа сезона е едно сигурно – кога игра Милан не очекуваат возбудливи натпревари.

Милан во вчерашниот натпревар против Џенова славеше победа со 2:1, но до истата стигнаа со голот на Алесио Ромањоли во финишот од натпреварот.

Сусо го доведе Милан во водство уште во четвртата минута, но потоа во 54-тата Ромањоли ја погоди сопствената мрежа за 1:1. На крајот Ромањоли успеа да се „извади“ со тоа што постигна гол за победа во 91-та минута.

„Росонерите“ така и на овој натпревар не успеаа да ја сочуваат својата мрежа, па на тој начин изедначија негативен рекорд од сезоната 1923/1933.

Имено, тогаш Милан последен пат примил барем еден погодок во првите 10 кола.

Тимот на Гатузо последен пат без примен гол во Серија А беше во натпреварот против Наполи на 15-ти април. Во наредните 16 натпревари (сметајќи и ја и минатата сезона) примале погодок, тоа им е најлоша низа уште од сезоната 1946/1947.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…