Дома Трансфер зона Вулверхемптон го доведува дуото од Наполи?

Вулверхемптон го доведува дуото од Наполи?

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон во јануарскиот трансфер период сака дополнително да го засили својот тим, кој оваа сезона игра сосема солидно во Премиер лигата.

Според пишувањето на странските медиуми, цел на Вулверхемтпон е дуото на Наполи, Марио Руи и Амаду Диавара, кој тренерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто би сакал да го види во екипата. Вулверхемптон уште минатото лето ја убеди јавноста дека е во состојба да доведе големи засилувања, па останува да видиме дали ќе сака еден од споменатите фудбалери на Наполи да го облече дресот на овој клуб.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Руи е стандарден првотимец на Наполи кој ова лето потпиша нов, петгодишен договор со италијанскиот клуб, додека Диавара не игра толку често, а со договор е врзан до 2021. година. Вулверхемптон по 10 кола се наоѓа на 10. позиција во Премиер лигата со 15 бода, а ќе беше на многу подобра позиција доколку во последните два натпревари не доживеа (неочекувани) порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…