Голгетерот на ПСЖ, Едисон Кавани би можел да се врати во Серија А и повторно да го облече дресот на Наполи.
Кавани никогаш не ја криел својата поврзаност кон дресот на Наполи и сака да се врати во Италија, а медиумите тврдат дека тоа може да се случи во зимскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според новинарот Карло Алвино, кој прв информираше за доаѓањето на Карло Анчелоти, преговорите за враќањето на Кавани се веќе започнати. Напаѓачот има договор со ПСЖ до 2020 година, но сака да ја промени средината.
Притоа, Уругваецот е спремен да ја намали платата со цел да се реализира трансферот.