Дома Фудбал Англија Матиќ: На никој не би ја додал топката ако можам да трчам како Марсијал

Матиќ: На никој не би ја додал топката ако можам да трчам како Марсијал

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ е воодушевен од потенцијалот кој го поседува неговиот соиграч Марсијал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во летниот преоден рок Марсијал беше на прагот на заминување од Олд Трафорд. Французинот се поврзуваше со бројни клубови, но за среќа на Манчестер Јунајтед, на крајот остана и со своите игри во последно време покажа дека може да биде еден од најдобрите играчи во ПЛ.

На последните три натпревари постигна четири погодоци и директно влијаеше на освојување седум бодови, а рамнодушен не остана ни Немања Матиќ кој за Марсијал има само пофални зборови.

„Одличен е, но потребно му е поголема самодоверба. Таа секако ќе расте ако продолжи да постигнува погодоци, а според мене може да биде и еден од најдобрите играчи во лигата. Брз е, одличен со топка, има се што му е потребно на еден играч во Манчестер Јунајтед.“ – изјави србинот и додаде:

„Да имам способност да трчам брзо со топката како него, не би ја додавал топката на никој и секој натпревар ќе постигнувам гол.“

Да потсетиме, Марсијал е член на Јунајтед од 2015. година кога пристигна од Монако за 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скалони реагира на обвинувањата дека Аргентинците биле фаворизирани од судиите

По пласманот во полуфиналето на Светското првенство, аргентинската репрезентација повторно…