Дома Фудбал Италија Роналдо во Јувентус изедначи рекорд стар 60 години!

Роналдо во Јувентус изедначи рекорд стар 60 години!

Иако на почетокот во својата авантура во Јувентус добиваше критики поради неефикасноста, Роналдо успеа да го запише своето име во историјата на славниот клуб.

Имено, Португалецот со двата погодоци против Емполи изедначи рекорд во Јувентус стар 60 голови – постигна седум голови во првите 10 кола, а тоа претходно му успеало на Џон Шарлс во 1958 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Англичанецот таа сезона ја отвори со седум голови во првите 10 натпревари, а шампионатот го заврши со 28.

Интересно што Роналдо беше без погодок во првите три кола, првенецот го постигна против Сасуоло во четвртиот натпревар од Серија А. Потоа погодуваше против Фросиноне, Удинезе, Џенова и за викендот против Емполи.

Вакво нешто не им успеало на играчи како што се Алесандро Дел Пиеро, Златан Ибрахимовиќ, Давид Трезеге, Карлос Тевез, Гонзало Игуаин..Последните двајца постигнаа по шест голови во првите 10 кола, останатите по пет.

https://www.youtube.com/watch?v=eE4WiE_xJvw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кој ќе биде наследникот на Салах? Ливерпул има тројца на маса и буџет од 140.000.000 евра!

Ливерпул е подготвен да инвестира до 140 милиони евра во потрага по наследникот на Мохамед…