Дома Фудбал Останато Футсалот ќе биде далеку посиромашен: Бразилскиот магионичар кажа збогум!

Футсалот ќе биде далеку посиромашен: Бразилскиот магионичар кажа збогум!

Најголемиот футсал мајстор на сите времиња Фалкао на 41-годишна возраст одлучи да се збогува со репрезентацијата.

Бразилскиот магионичар се збогуваше во голем стил. Неговиот Бразил победи против Паргвај со 4:2, а Фалкао беше стрелец на два погодоци, тоа беа неговиот 400-ти и -401-ви гол во 258-тиот натпревар.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Футсалот бара жртви, бев далеку од домот и најблиските, но не можам да кажам дека не вредеше. Знам колку значам за овој спорт. Поминав 20 години во него“, изјави на простувањето големиот мајстор.

Фалкао на клупски пласман освои се што можеше да се освои, а со Бразил долги години доминираше и на репрезентативен план, а четири пати во својата кариера беше избиран за најдобар во светот.

https://www.youtube.com/watch?v=HCZEyMW25ZU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал ќе ги претстави Хаусен и Александер-Арнолд во вторник и среда

Реал Мадрид ќе го претстави дефанзивецот Дин Хаусен во вторник, откако 20-годишниот фудбал…