Дома Фудбал Англија Вичај Шривадханапраба – ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА БАЈКАТА КОЈА НИ ЈА ПОДАРИ!

Вичај Шривадханапраба – ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА БАЈКАТА КОЈА НИ ЈА ПОДАРИ!

Вечерва за жал Лестер ја потврди големата трагедија – Вичај Шривадханапраба трагично го загуби животот во хеликоптерот кој вчера се урна во близина на стадионот „Кинг Пауер“.

Фудбалскиот свет загуби едно ЧОВЕЧИШТЕ, човек кој направи чудесен подвиг и со условно кажано сиромашен буџет им покажа на гигантите во Англија дека не е се во парите. Таа 2016 година ќе остане запаметена кај сите спортски фанови и луѓе кои го сакаат фудбалот – тимот од Чемпионшип ги фрли на колена гигантите во Премиер лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Приказната за Лестер вечно ќе живее, а со тоа и името на Вичај Шривадханапраба.

Вичај Лестер го купи во 2010 година, за една година подоцна да стане и претседател на клубот, во 2011 го наследи Милан Мандариќ.

Помеѓу останатите потези, тој во 2012 година во клубот, ги доведува тогаш анонимците Вес Морган (денес капитен на Лестер), Дени Дринквотер и Џејми Варди.

Морган пристигнува од Кидермистер, Варди од Флитвуд, Дринквотер од Барсли, тие се приклучуваат на Каспер Шмајхел синот на легендарниот голман кој дресот на Лестер го облече една година пред нив (пристигна од Лидс).

Во тоа време сигурно ниту самиот Вичај не беше свесен дека ги прави првите потези во градењето на тим кој неколку години подоцна ќе испише историја и приказна која ќе се прераскажува на генерации и генерации…

Во наредните години на овие тогаш „анонимци“, исклучок на Шмајхел (поради неговиот славен татко) им се придружуваат Нголо Канте, Марк Олбрајтон, Кристијан Фукс, Ријад Марез, Леонардо Улоа… за во 2015 година да пристигне и – Клаудио Раниери. Секако, заслуги имаат и останатите но ова беа најважните играчи во таа шампионската сезона во која секој го даде максимумот за да ги изненадат од нив многу побогатите ривали.

Својата големина Вичај ја покажа кога после освојувањето на титулата ги награди фудбалерите со најновите модели на БМВ, иако воопшто не беше обврзан да направи нешто такво. Единствено Клаудио Раниери во договорот имаше одреден бонус за освојување на шампионската титула.

Каков однос имал овој човек со играчите во клубот, посебно со оние „староседелците“ веројатно најдобро говори вчерашната постапка на Каспер Шмајхел. Голманот на Лестер прснал во плач и се упатил на местото на несреќата, а таму бил задржан од безбедностите служби и стаписан од глетката, знаејќи дека такво нешто скоро и да не е возможно да се преживее.

Бајката која овој човек ја изгради е едно огромно ЧУДО во модерниот фудбал во кој гигантите се расфрлаат со милиони и неговиот лик и дело градот и клубот никогаш НЕ СМЕЕ ДА ГИ ЗАБОРАВИ!

ЗА КРАЈ – ВИЧАЈ ШРИВАДХАНАПРАБА, ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА БАЈКАТА КОЈА НИ ЈА ПОДАРИ, ПОЧИВАЈ ВО МИР ГОЛЕМ ЧОВЕКУ.

https://www.youtube.com/watch?v=NgEPx6ZBiOU

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…