Според пишувањето на на „Газета дело Спорт“, Интер одбил навистина голема понуда за својот дефанзивец, кој се поврзува со заминување.
Жозе Мурињо од поодамна е во потрага по дефанзивец кој ќе ја засили последната линија, а наводно Португалецот во Словакот гледа идеално решение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Специјалниот“ според медиумите побарал од Манчестер Јунајтед да испрати понуда. „Газета“ тврди дека и на адреса на клубот од Милано пристигнала понуда во износ од 75 милиони евра, но ниту тоа не било доволно за Интер да се откаже од неговите услуги.
Ќе потсетиме, Интер го купи Скриниар од Сампдорија за сума од 35 милиони евра, а според ова тврдење на „Газета“ ако некој навистина го сака Скриниар ќе мора да го собори светскиот рекорд за дефанзивец.
Рекордот за најскап дефанзивец во овој момент го држи Вирџил Ван Дијк кој за сума од 79 милиони евра премина од Саутемптон во Ливерпул.
https://www.youtube.com/watch?v=6CTguFpLVKY