Дома Фудбал Останато Ја водеше на Англија и беше тренер на Манчестер Сити, а од денес е селектор на – Филипини!

Ја водеше на Англија и беше тренер на Манчестер Сити, а од денес е селектор на – Филипини!

Искусниот стратег, Свен Горан Ериксон одлучи да се врати на тренерската работа откако минатата година го напушти кинескиот Шенжен.

Овој 70 годишен стратег последениот ангажман го имаше пред нешто повеќе од една година кога го напушти Шенжен и изгледаше дека нема да ја продолжи тренерската кариера.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак поранешниот тренер на Рома, Фиорентина, Лацио, Манчестер Сити…Одлучи повторно да се врати на тренерската работа.

Медиумите во Шведска утрово објавија дека Ериксон е избран за нов селектор на репрезентацијата на Филипини, а многумина веруваа дека се работи за лажна вест. Но потврдата стигна само неколку часа подоцна и тоа од ФИФА.

Ова ќе биде четврта репрезентација која искусниот Швеѓанец ќе ја води од клупата, но јасно е дека Филипини не можат да се споредуваат со селекциите кои ги водеше во минатот.

Првата селекторска работа, Ериксон ја прифати во 2001 година кога ја водеше Англија, а потоа седеше на клупите на Мексико и Брегот на Слоновата Коска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…