Дома Топ вести Реал Мадрид повторно се обидува да го договори Покетино

Реал Мадрид повторно се обидува да го договори Покетино

Раководството на Реал Мадрид го обнови интересот за менаџерот на Тотенхем Маурицио Покетино, пренесуваат шпанските медиуми.

Аргентинецот беше голема желба на „кралевите“ уште во летниот преоден рок, но тогаш не успеаа да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“ па за нов тренер беше назначен Хулен Лопетеги.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Меѓутоа, Лопетеги е се поблиску до отказ после катастрофалниот старт на сезоната и медиумите во Шпанија се сигурни дека ќе биде спемен во случај на слаб резултат во „Ел Класико“.

Сега од Реал повторно се насочуваат кон Покетино и убедени се дека овој пат ќе успеат во намерата. Тотенхем со ремито против ПСВ скоро и да нема никакви шанси да ја помине групната фаза во ЛШ.

Претседателот Флорентино Перез спремил 40 милиони фунти за да го осигури потписот на Аргентинецот, но прашање е дали раководството на Тотенхем ќе се согласи да го пушти тренерот на среде сезона.

Јасно е дека Реал Мадрид спрема тренерска рокада, а Покетино е прв избор на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…