Дома Фудбал Првиот човек на Ла Лига: „Ел Класико“ не губи, губат Меси и Роналдо

Првиот човек на Ла Лига: „Ел Класико“ не губи, губат Меси и Роналдо

За прв пат после 11 години овој викенд ќе се игра „Ел Класико“ во кое нема да учествуваат Роналдо и Меси, како изгледаа составите на Барса и Реал тогаш можете да погледнете – тука.

Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас смета дека со неучеството во еден од најголемите дерби натпревари во светот, губат Меси и Роналдо, а не „Ел Класико“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Со неучеството во „Ел Класико“ губат Меси и Роналдо. Дербито нема загуба, мислам дека и понатаму ќе биде на највисоко ниво, овој натпревар е поголем од секој поединец. Натпреварот помеѓу Барса и Реал е највредниот производ на Ла Лига и вистина е дека сакаме уште такви натпревари, но треба да работиме и на „Ел Класико“ за да добиеме повеќе фанови ширум светот“, изјави Тебас.

Ова ќе биде и првото „Ел Класико“ во кое судиите ќе можат да ја користат ВАР технологијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Гол каков што не се гледа секој ден: Мароканец погоди од својата половина

Мароко успеа да триумфира со 3-2 против Јордан во Арапскиот куп, но најголемо внимание при…