Дома Фудбал Kуртоа им се пожалил на соиграчите: Не можам да верувам што се случува

Kуртоа им се пожалил на соиграчите: Не можам да верувам што се случува

curtoa

Белгискиот голман, Тибо Куртоа не е среќен што на клупата на Реал Мадрид, барем според тврдењата на шпанските медиуми може да седне од Конте или Мурињо.

Ќе потсетиме, актуелниот тренер на Реал Мадрид, Јулиен Лопетеги се наоѓа во тешка ситуација бидејќи запиша неколку лоши резултати во Ла Лига и Лигата на шампионите.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Време успеа да добие со победата на домашен терен против Викторија Плзен (2:1), но се смета дека ќе добие отказ во случај на пораз во „Ел Класико“ кое се игра за викендот.

Како негови потенцијални наследници се споменуваат Мурињо и Конте.

Еден од оние кои не сакаат таков развој на ситуацијата е Тибо Куртоа. Шпанците пишуваат дека Куртоа им се пожалил на соиграчите дека од Англија побегнал поради нив двајца, а сега може да дочека некој да го води во Реал.

„Не можам да верувам. Овде сум единствен играч кој работел со Конте и Мурињо. Заминав од Лондон за да не доживеам такво нешто, а сега се покажува дека Конте или Мурињо ако се согласат можат да дојдат во Мадрид“, наводно им кажал Куртоа на соиграчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните најавија заминување на Гвардиола од Сити. Еве кога треба да го напушти клубот

ПЕП ГВАРДИОЛА го предводеше Манчестер Сити до уште една шампионска титула, шеста за клубот…