Дома Трансфер зона Навивачите на Рома нема да бидат задоволни: Три европски гиганти го сакаат одличниот напаѓач

Навивачите на Рома нема да бидат задоволни: Три европски гиганти го сакаат одличниот напаѓач

under

Екипата на Рома во јануарскиот преоден рок би можела да остане без услугите на еден од своите најдобри фудбалери, Ченгиз Ундер.

Турскиот фудбалер пристигна пред нешто повеќе од една година, но веќе во јануари би можел да ја напушти „волчицата“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ундер игра одличен фудбал и во последно време интерес за него покажале повеќе европски гиганти, засега се откриваат имињата на Арсенал, Манчестер Јунајтеди Барселона.

„Кориере дело Спорт“ објаснува дека Арсенал и Манчестер Сити се обидувале да го доведат уште во текот на летото, но Рома останала упорна да го задржи во своите редови.

Ако Ундер ја напушти Рома сумата воопшто не би била ниска и може да изнесува околу 50 милиони евра.

Ундер во актуелната сезона одигра 10 натпревари, постигна четири погодоци и запиша четири асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=kg6vrpi8u6I

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…